Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој беше хоспитализиран на инфективната клиника, има втор негативен тест на Ковид-19. Тој пред неколку дена беше примен со симтпоми на коронавирус, со покачена температура, но двата теста покажаа дека е негативен.
„Почитувани пријатели. И вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата!
Секое добро, Антонио Милошоски“, напиша Милошоски.
https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3424003247619117