Баражите за пополнување на Втората лига -Запад се играат од 7 до 13 јули

Во Фудбалската федерација на Македонија денеска беа извлечени паровите за бараж натпреварите за пополнување на Втора македонска фудбалска лига – Запад.

Сите средби ќе се играат на Градскиот стадион во Тетово во периодот 7-13 јули.

Двојките се:

Чаклани – Фортуна (7 јули)
Чаклани – Велешта (10 јули)
Велешта – Фортуна (13 јули).

Последниот меч (оној на 13 јули) ќе се игра само доколку има резултатско значење, односно доколку до тогаш некој од тимовите не го обезбеди првото место на мини-турнирот.

Треба да знаете
Последни објави