На британските војници им е забрането кога се во униформа да клекнуваат во знак на солидарност со екстремно левичарското движење „Блек лајвс медр“, бидејќи мора да останат политички неутрални, пренесува „Дејли мејл“.
Воените лидери, наводно, им кажале на војниците во поморската база „ХМС Султан“ во Госпорт, Хемпшир, дека им е забрането да го прават гестот. Извор за одбраната изјави: „Кога се во униформа, не смеат да учествуваат во каква било политичка активност. Со клекнување на колено, гестот станува политичко движење “.
„Кога сте во униформа, постојат долгогодишни правила за тоа како треба да се однесувате. Ние ја разгледуваме политиката и се обидуваме да најдеме начини во соодветна ситуација што можат да направат за да покажат почит. Вооружените сили и Министерството за одбрана се апсолутно против расизмот во која било форма и сакаат да го искоренат“, додава изворот.
Ставот е во спротивност со неодамнешните извештаи дека британската полиција им дозволува и ги охрабруваат полицајците да клекнат на колено зашто ако не клекнуваат, тоа може да привлече негативно внимание кај активистите на БЛМ.
Протестите на екстремната левица резултираа во акти на вандализам, кои кулминираа минатиот месец кога вандалите ја срушија статуата на трговецот и филантроп од Бристол, Едвард Колстон, кој имал врски со трговијата со робови. Полицијата не реагираше додека го уриваа споменикот, го чкртаа, ритуално го претепаа и го однесоа во пристаништето.
Надзорникот на полицијата во Бристол, Енди Бенет, изјави дека полицајците правилно не интервенирала за да се запре вандализмот и дека Бристол треба да се гордее со себе.
Во Лондон, каде што толпите ги уништија статуите на Винстон Черчил, Абрахам Линколн и се обидоа да ги запалат знамињата на Кенотаф, полицајците се обидоа да апелираат до левичарските радикали клекнувајќи на колено пред нив пред Даунинг стрит. Сепак, тоа не ги олесни тензиите, бидејќи истиот ден активистите на БЛМ беа видени како ги напаѓаат полициските службеници во Лондон, кои ја чуваа резиденцијата на премиерот.