Оливер Спасовски соочен со разочараноста од власта на СДСМ, која владее меѓу граѓаните, кампањата ја пренасочи на средби со градоначалниците од својата партија и тесен круг партиски активисти.
Народот виде дека неспособната власт на Заев и Спасовски нема направено ништо од ветувањата кои им ги даваа пред три години. Нема ништо од ветените 600 километри автопат, 32 гасифицирани општини, изградбата на училишта и студентски градови, изградбата на болници и клиничкиот центар во Скопје и десетици други лаги кои Спасовски и Заев ги кажуваа тогаш.
Како да не биле власт во овие три години. Без срам ги препакуваа истите лаги и пак ветуваат дека едно исто. Нивното вистинско мото на овие избори е МОЖЕВМЕ, АМА НЕ НАПРАВИВМЕ.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!