Во Бoсна и Херцеговина, потврдени се 180 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, објавија јавните здравствени институти на Федерацијата на БиХ и Република Српска.
Од средата, тестирани се 1.758 лица.
Најголем број новозаразени има во Сараево, каде се потврдени 27 случаи, по што следи Бања Лука со 9 нови случаи.
Бројот на заразени лица е поголем отколку еден ден претходно кога беа регистрирани 152 лица, позитивни на ковид-19.
Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во БиХ сега е поголем од 4.700 лица.