Потенцијалната вакцина за новиот коронавирус, што ја разви кинеската фирма „Синовак” ќе се тестира во 12 истражувачки центри во шест бразилски држави, изјави синоќа гувернерот на бразилската држава Сао Паоло, Жоао Дориа.
Тој додаде дека тестирањето на вакцината треба да биде одобрено од локалната здравствена агенција.
Покрај во Сао Паоло, предвидено е вакцината да се тестира на вкупно 9.000 волонтери и во Бразилија, Рио де Жанеиро, Минас Жераису, Рио Гранде до Сулу и Парана.
Резултатите од студијата се очекуваат следната година