Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 81 нови случаи на инфекција од коронавирусот, од кои најголемиот број е во Славонија. Бројот на активни случаи изнесува 647. Вкупната бројка на заразени од почетокот на епидемијата е 2.912.
Починаа две лица, а тројца пациенти се на респиратори. Досега починаа 110 лица.