Зиадин Села од Дебар: Ќе ги решиме случаите на корупција и политичкиот криминал

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, денес остварија средба со граѓаните на Дебар каде се презентираа кандидатите за пратеници и изборната понуда под наслов „Држава за сите”.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, зборуваше пред граѓаните на Дебар за феноменот на миграција на младите луѓе, особено во Дебар. Прогонството е рана и длабока рана за луѓето од Дебар. Тој побара луѓето на Дебар да ја поддржат коалицијата „Сега е време”, потенцирајќи дека младите на Дебар и сите други градови веќе ја презеле на свои раце големата промена на што ќе се случи на 15 јули.

 

„Често слушаме политички говори во кои се вели дека младите се иднината. Младите се сегашноста, драги браќа и сестри. Недостигот на младите е нашата горчлива реалност, тоа што не гледаме млади”, рече Зиадин Села, меѓу другите.

Села рече дека во првите 100 дена од владата, од Европската унија ќе се бараат судии и обвинители со цел да се обелоденат сите политички случаи во земјата. Покрај тоа, Села вети дека ќе бидат разјаснети случаите поврзани со корупцијата и политичкиот криминал.

„Го кажувам со жалење и со голема несреќа за нас затоа што нашиот имиџ се уништува. Албанците не се такви. Печатот на корупција за лидерот на Демократската унија за интеграција не доаѓа од митингот на АА-ААА или од шепотењето на кој било друг политички субјект, туку печатот го даде Њу Јоркшиот суд на Соединетите Американски Држави каде беше обвинет за корупција за случајот Маџар Телеком. Во ваши раце е да ги тргнете од политичката сцена овие Албанци кои ја држат како заложник иднината на Албанците “, истакна претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села.

Села побара од жителите на Дебар да го заокружат бројот 5 на 15 јули, како гаранција за зачувување на иднината на децата на сите Албанци.

Треба да знаете
Последни објави