Според српскиот епидемиолог Предраг Кон активноста на коронавирусот е се поголема и таа динамика според него ќе трае барем уште една недела.
-Основната работа за ваквата состојба е тоа што пренесувањето на вирусот доаѓа поради дирекни контакти што значи дека нашето оденсување го сторило своето. Ситуацијата сега е таква што кога ќе се сретнете со било кој можете да сметате дека е инфициран, порачува Кон.
Стручните лица задолжени за здравјето на граѓаните по којзнае кој пат од почетокот на пандемијата уште во месец март во овој регион повторуваат дека носењето на заштитните маски може да придонесе за спречување на ширењето на заразата дури 99 одсто, ако ги употребуваат сите на местата каде имаат блиски средби. Но, доколку не ги користат сите тогаш процентот за да се инфицираат граѓаните е многу поголем дури до 30 одсто.