Манчестер Сити како домаќин на Итихад издвојуваше сигурна победа против шампионот Ливерпул.
Манчестер Сити на Пеп Гвардиола го размонтира составот на Јирген Клоп победувајќи го со убедливи 4:0. Уште по првото полувреме се наѕираше победникот кога „Граѓаните“ со головите на Де Брујн од пенал, потоа на Стерлинг и Фоден имаа водство од три гола разлика.
Во второто полувреме, Јирген Клоп одлучи да менува нешто во тимот, па така на местото на штоперот Гомез влезе Окслајд Чемберлејн. Токму Чемберлејн беше виновникот за четвриот гол во мрежата на Алисон.Стерлинг добро ја проследи топката покрај голманот, на неа налета Окслејд Чемберлејн кој си даде несреќен автогол
Оваа победа не менува ништо на првенствената табела. Ливерпул секако ја обезбеди титулата, а Манчестер Сити има комфортна предност на втората позиција и не би требало да ја испушти до крајот.