Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по препорака од Кризниот штаб за борбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот најви враќање на рестрективни мерки за главниот град Белград, поради лошата епидемиолошка ситуација.
Според медиумите од соседството во Белград може да биде воведен полициски час или градот целосно да биде затворен во карантин. Тоа ќе значи забрана за влегување и излегување од градот. Одлуката Вучиќ ќе ја соопшти вечева по состанокот со Кризниот штаб. Размислувањата на стручните лица кои водат грижа за здравјето на граѓаните се во таа насока, бидејќи според најновите податоци во последните 24 часа повеќе од 80 одсто од новоинфицираните се токму од Белград.