Карaванот на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” е во обиколка и средби со граѓаните во дел од скопските општини кои и припаѓаат на ИЕ 1 и 2. Денеска пред спомен куќата на Мајка Тереза, на улица Македонија во Скопје, носителите на листи од ИЕ 1 и 2, Билјана Џинго и Јове Кекеновски, како и претседателот на „Единствена Македонија“, промовираа дел од заложбите од програмата.
„Поради ретката можност пред ТВ медиумите јавно да ги искажеме нашите ставови денес ке промовирам краток микс од заложби од програмата и ставови на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” за актуелните случувања во државава.
- Некадарната политичка власт сесрдно потпомогната од алчната и испостена опозиција од РМ направија најизолирана држава во светот. Од ,,оаза на мирот” направија пустински остров на Балканот кој и во наредните две недели ќе урива црни рекорди, небарем сме во XIV век. Додека европските цивилизирани држави прогласуваат победа над корона вирусот и слават симнување на маските, нашите сегашни и поранешни властодршци заслепени од желбата за власт по секоја цена, со помош на дискриминирачкиот и недемократски Изборен Законик бесрамно газат по мртвите и жртвите на корона вирусот. Желбата да се остане или да се дојде на власт е приоритет над приоритетите на овие јавачи на апокалипсата дури и во иднина да владеат со пола држава и со пола народ.
- Затоа е потребно граѓаните да се одважат и да се охрабрат заеднички да ги казниме СДССМ, ДПСМНЕ и ДУИ затоа што тие единствено што имаат на ум е да се менуваат на власт, да глумат крвни непријатели, а во суштина и пракса мегусебно да се амнестирааат за сторениот криминал и невиден арамилак. Најновите аудио бомби ја потврдуваат неодговорноста, дволичноста, лицемерието и егоизмот на лидерите на овие партии. Ова е повеќе од скандалозно и неморално. Жално е што новиот Закон за ЈО не ги третира овие аудио бомби како докази, во спротивно во нормална држава ваквите персони веднаш ќе си го добиеа своето заслужено место во некои од КПУ. Го повикуваме ЈО по службена должност врз основа на индициите да отвори претходна истражна постапка за сторени кривични дела по Член 358-а и 359 од КЗ на РМ – Давање и примање награда за противзаконито влијание
- Во ненормални и недемократски услови принудени сме да спасуваме што може да се спаси. Бараме поддршка од граѓаните овие политички платеници и послушници да ги замениме со народни пратеници. Нашите избрани народни пратеници ќе имаат слобода самостојно да одлучуваат и обврска максимално да соработуваат со своите избирачи во борбата за подобар и поудобен и пред се здрав живот на сите нас.
- За да се спасиме и да им ставиме крај на алчните, несовесните, некадарните политички платеници и послушници во првите 30 дена од нашиот избор ќе го укинеме Изборниот законик и новиот Закон за ЈО кој ги штити оние кои сега и оние кои во иднина ќе бидат на власт. Ке ги заплениме системите за прислушување во сопственост на политичките партии и бизнисмени кои располагаат со вакви уреди и ќе следи кривична одговорност за истите. На нелегалното прислушување ќе ставиме крај.
- И на крајот договореното дозирано меѓусебно напаѓање излезе од контрола и јавноста овие денови ќе дознае уште многу монструозни нешта. И тоа е добро. Но, јавноста не ќе смее да го остави Наќе Чулев и понатаму (веќе петти ден) да молчи за обвинувањата од сегашниот директор на АР дека додека бил директор на Агенцијата за разузнавање таа не била искрена со Јавното обвинителство во истрагата за Диво насеље. Наке Чулев е должен да одговори што тоа Агенцијата криела од ЈО.