Повеќе од половина милион луѓе во Италија ги загубија своите работни места од февруари до мај годинава, како резултат на пандемијата на Ковид-19 и економската криза што следеше, јавија локалните медиуми.
Државниот институт за статистика ИСТАТ регистрира и 900 илјади „неактивни”, односно луѓе кои не работат и не бараат работа и уште 400 илјади луѓе кои бараат работа.
Отпуштањата најтешко ја погодиле женската работна сила, 7,8 проценти од вкупниот број на невработени, а 23,5 отсто од невработените се млади.
Според статистичките податоци објавени денеска, само во мај годинава, невработеноста вп Италија, во однос на истиот месец лани, е зголемена за два проценти, односно изгубени се 84 илјади работни места.