Речиси 78 отсто Руси ги поддржале уставните реформи

Мнозинството граѓани на Русија гласале за уставните измени, кои ќе му овозможат на шефот на државата Владимир Путин да остане на власт со 2036 година.
Централната изборна комисија соопшти денеска дека при обработени 99,99 отсто од гласовите, уставните реформи биле поддржани од 77,92 отсто Руси, а против се изјасниле 21,72 процента.
Излезноста на еднонеделниот референдум, кој го обележале многубројни извештаи за притисоци, изнесувала 65 отсто.
Единствена област каде мнозинството граѓани гласале против уставните измени е Ненецкиот автономен округ.
Треба да знаете
Последни објави