Дејан Саздов, како синдикален претставник во рамки на Министерството за внатрешни работи, најави дека денеска на прес-конференција ќе обелодени за, како што посочува, сериозна и алармантна состојба во Организациона единица ЕВР ГАЗИ БАБА при МВР.
– Ќе бидат презентирани конкретни факти и докази за кршење на Кривичниот Законик и Законските позитивни прописи особено за моменталното сторување кривични дела против здравјето на луѓето и за намерно загрозување на здравствената безбедност односно предизвикување и ставање во опасност на вработените во Министерството, посочува во соопштението Дејан Саздов, синдикален претставник СПМ- МВР.