50-годишниот актер Метју Пери, кој се прослави во серијалот „Пријатели“, последниве месеци ја загрижува јавноста со неговиот изглед.
Актерот, кој го отелотвори шегаџијата Чендлер Бинг во култната серија, изгледа полошо секој ден. Тој се здобил со видливи вишок килограми и не се откажува од цигарите, иако има проблеми со дишењето.
Метју порано бил зависник од лекот Викодин, и почнал да го зема заради несреќата со скутер на вода. Тоа успешно ја намалило неговата болка, но со текот на времето не можел да помине ниту еден ден без пилулата. Тој исто така страда од проблеми со алкохолот, кој во неколку наврати се лекуваше.
Тој еднаш ја шокираше јавноста признавајќи дека воопшто не се сеќава на дел од снимањето на „Пријатели“. „Не се сеќавам на три години снимање. Некаде помеѓу третата и шестата сезона“, призна тој. Се чини дека Метју повторно се сопна, а некои тврдат дека дополнително го уништило раскинувањето 21 година помладата девојка Моли Хурвиц. Нивната врска се распадна на почетокот на оваа година, а причината е непозната.
Пери ќе треба, кога ќе се смири ситуацијата со пандемијата од коронавирус, да се појави на снимање на серијата „Пријатели“. Имено, договорено е тој да снима неколку нови епизоди, но нејасно е како актерот ќе се врати на неговиот лик Чендлер.