Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Сума Чакрабарти, денеска ја напушта таа позиција, завршувајќи го својот втор целосен мандат на должноста, онолку колку што е дозволено според прописите на таа институција.
– Европската банка за обнова и развој сега е незаменлива развојна банка, рече Чакрабарти во обраќањето по повод заминувањето, објавено на официјалната веб-страница на ЕБОР.
Чакрабати, британски државјанин, двапати победи на изборите за прв човек на ЕБОР, во 2012 и 2016 година, првпат во историјата на таа инстутуција.
Тој се придружи на банката со мандат да ја модернизира, а фокусираноста на таа цел и овозможи на ЕБРД да оствари рекордни инвестиции и влијание врз развојот на економиите во транзиција, како и да постигне поголема финансиска одржливост.
Транзицијата кон зелена економија е една од главните одлики на неговото претседателствување, бидејќи речиси половина од инвестициите на ЕБРД минатата година беа во зелената економија, а Банката најави и за во иднина амбициозни цели.
Чакрабарти рече дека ја напушта Банката во добра состојба и дека улогата на оваа институција е клучна за постигнување на глобалната развојна агенда.
– Според мене, ЕБРД е неопходна банка за развој. Развојната агенда е променета. Преминавме на цели за одржлив развој. Знаеме дека тие не можат да се постигнат без приватно финансирање и приватниот сектор. Тоа е она што го прави ЕБРД , рече претседателот во заминување.
Првиот потпретседател на ЕБР,Д Јирген Ригтерник, кој од 2018 година работи во банката на управување со банкарски и политички работи, од 3 јули ќе ја извршува работата на вршител на должноста претседател на ЕБРД.
Наследникот на Чакрабарти се очекува да биде избран на Годишното собрание на Банката, кое беше преместено од 13 и 14 мај на 7 и 8 октомври 2020 година, поради пандемијата на коронавирус.