Џенифер Гејтс, дваесет и четиригодишната ќерка на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, даде интервју за магазинот „Сајдлајнс“ во кое зборуваше за својот живот.
„Родена сум со големи привилегии. Мислам дека суштината е да ги искористам сите тие можности и да научам од нив за да можам да најдам работи што ме интересираат, но и да го направам светот барем малку подобро место”, рече таа во интервјуто.
Таа откри и дека нејзините родители отсекогаш ја поддржувале во се што прави, но и дека во голема мера се посветила на медицината затоа што нејзините родители се занимаваат со хуманитарна работа, пренесува „Фокс бизнис“.
Џенифер Гејтс е најстарата од трите деца, а има и сестра и брат.
Таа студира медицина во Њујорк и сака да стане педијатар или општ лекар, а Бил Гејтс еднаш рече дека неговите деца треба самите да се образуваат и дека ќе наследат само доволно за да не бидат сиромашни, затоа што многу пари ќе им го уништат животот.