Министерот за здравство Венко Филипче од Охрид порача дека македонскиот здравствен систем се подготвува за поголем притисок во периодот од есента кој ни следи за неколку месеци.
-Системот на ротација добро оди. Ротираат интернисти, пулмолози и анестезиолози, како и медицински сестри кои имаат искуство, пред сè во лекување во одделите на интензивна нега. Ние во исто време правиме планови и за наесен. Тогаш очекуваме дека притисокот кон здравствениот систем ќе биде уште поголем. Тогаш ќе се соочиме со еден нов бран и на сезонски грип и на пациенти заболени од ковид вирусот. Очигледно вирусот нема да замине, правиме планови и предвидуваме институции и за есенските месеци, го планираме дури и системот на ротација на лекарите за тие месеци, порача Филипче.
Македонија како и сите земји во регионот се соочуваат со проблем околу екипирањето со медицински персонал. Затоа во нашата земја навреме се започнати активности за поддршка на медицинскиот кадар.
-Почнавме реалтивно рано да работиме со медицинскиот персонал, дури и несвесни дека ни претстои ваква криза. Огромен број здравствени работници беа примени и во болниците и јавните здравствени установи ширум земјава. Има градови каде што веќе нема невработени лекари, вли Филипче.