Бојан Јовановски Боки 13 денеска во Основното јавно обвинителство ќе дава исказ во врска со кривичните пријави кои пред една недела ги поднесе за злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура и несовесно лекување.
Тогаш неговиот адвокат Сашо Дуковски пријави дека од непознат број со прикриен глас му предочил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент.
Дукоски посочи дека пријавите се за лица од државните институции и за лица што се надвор од овие институции, непрецизирајќи за кого станува збор.