Нови телефонски разговори се објавени денеска на јутјуб. Во нив се слуша гласот на Игор Јанушев, носителот на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ. Во разговорите тој зборува со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Разговорите се објавени на јутјуб каналот Обнова на режимот, а во нив Јанушев зборува за обезбедени гласачи.
Во еден момент за нивна колешка од општински комитет вели дека ќе и удри „бокс во фаца“.
„МИОА наводно списокот што си го внесол ти како МИОА немало врска со нас“ вели Јанакиески, а Јанушев иронично одговара „сигурно“.
„Шефе, 20 луѓе има што се бележени како МИОА, значи тие што се бележени 20, ако дале 100, значи 80 се покопуваме“, вели Јанушев во снимката.