На 02.07.2020 во 13.00 часот било пријавено дека на место викано „Бабуна“, на патниот правец Велес-Градско, се судриле два велосипеда управувани од двајца 14-годишници од Велес.
Во незгодата, едниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.