ЛДП демантира дека лидерот Чедомир Јовановиќ е во критична состојба

Српската Либерално демократска партија издаде соопштение во кое демантира дека нивниот лидер, Чедомир Јовановиќ е во критична состојба по запалението на белите дробови и констатираниот Ковид 19.

,,Состојбата на Чедомир Јовановиќ е стабилна, без влошување и несакани компликации. Лекарите се задоволни како се одвива лекувањето.

Тој нормално комуницира со семејството и се движи“-објави оваа партија.

Велат дека не е приклучен на кислородна поддршка.

Треба да знаете
Последни објави