Нови бомби Јанушев-Јанакиески: Ако ја видам наредниот пат, ќе и дадам бокс во фаца

Нови телефонски разговори се објавени денеска на јутјуб. Во нив се слуша гласот на Игор Јанушев, носителот на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ. Во разговорите тој зборува со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Разговорите се објавени на јутјуб каналот Обнова на режимот, а во нив Јанушев зборува за обезбедени гласачи.

Во еден момент за нивна колешка од општински комитет вели дека ќе и удри „бокс во фаца“.

„МИОА наводно списокот што си го внесол ти како МИОА немало врска со нас“ вели Јанакиески, а Јанушев иронично одговара „сигурно“.

„Шефе, 20 луѓе има што се бележени како МИОА, значи тие што се бележени 20, ако дале 100, значи 80 се покопуваме“, вели Јанушев во снимката.

 

Треба да знаете
Последни објави