Според последните податоци, во светот до сега се регистрирани 11.284.105 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив умреле 530.918, а оздравеле 6.392.037 лица.
Тирана- Во Албанија во последните 24 часа биле регистрирани 67 новозаразени лица, така што вкупниот број сега изнесува 2.819 лица. На списокот на излекуваните има 45 или вкупно 1.637, две лица починале или вкупно 74, додека 1.108 лица се активни во оваа болест.
Љубљана – Патниците од Хрватска, Франција и Чешка од денеска се сметаат за ризични и ќе мора да претрпат одредени ограничувања при влез во Словенија, јави агенцијата СТА. Граѓаните кои доаѓаат од државите на таканаречената „жолта листа”, мора да поминат, без исклучок, две недели во карантин, освен ако не се во транзит, резервирале сместување во периодот кога Словенија била отворена или тие со себе имаат потврда што докажува дека имале негативен тест за коронавирус.
Атина – Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 25 нови случаи на Ковид-19, од кои осум се од туристи . Од почетокот на епидемијата заразено е 3.511 лице.
Никозија – Од 1.699 тестови во изминатото деноноќие на Кипар се регистрирани три нови случаи на Ковид -19, а бројот на позитивни случаи се зголеми на 1.002.
Белград – Во последните 24 часа во Србија се потврдени 325 нови случаи на коронавирус од 7.434 тестиеања, објавено е на официјалниот сајт за следење на епидемиолошката состојба.
Умрени се нови осум лица како резултат на инфекцијата, а во моментов има 2.347 активни случаи.
Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени вкупно 15.829 случаи на коронавирус, а починале 306 лица.
Софија – Според најновите податоци во Бугарија во последните 24 часа се пријавени 182 нови случаи на коронавирус, а починале уште седум лица. Во истиот период биле тестирани 2.538 лица, а вкупниот број на заразени лица од појавата на пандемијата достигна 5.497, од кои 2.366 случаи се се уште активни, додека закрепнале 2.892 пациенти, а бројот на смртни случаи изнесува 239.
Приштина – Минисерството за здравство на Косово соопшти дека денеска на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, до 17 часот починале шест лица заболени од Ковид-19, што е најголемата регистрирана бројка на жртви регистрирана во текот на еден ден од почетокот на епидемијата.
Вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 достигна 64, со тоа што, според косовските здравствени власти, сите страдале и од други тешки болести. Според Институтот за јавно здравство од 304 лица кои се тестирани вчера позитивни биле 114, со што вкупната бројка на заболени се зголеми на 3.178. Од нив, болеста ја преброделе 1.824 лица, од кои вчера се регистрирани 117.
Лондон – Англија денеска го презеде најголемиот чекор досега за нормализирање на животот, по рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот, дозволувајќи им на граѓаните конечно да одат во пабови, фризерскисалони и ресторани, за првпат во повеќе од три месеци.
Сиднеј – Втората по големина австралиска држава Викторија, е под влијание на голем бран на епидемијата на коронавирусот бидејќи денеска го забележа најголемиот раст на новозаболени од втората половина на март. Поради епидемијата, засилени се мерките за заштита и има наредба граѓаните на предградијата и на девет солитери со 1.345 социјални станови во Мелбурн да останат дома. Бројот на новозаразени во последните пет дена не надминуваше 70, но денеска се регистрирани 108 нови случаи.
Кито – Еквадорското Министерство за здравство соопшти дека во земјата се потврдени уште 1.171 случаи на коронавирус, така што вкупниот број заразени сега изнасува 60.657.
Земјата во последните неколку недели бележи бавен, но постојан раст на бројот на нови инфекции, наведува Си-Ен-Ен. Досега, во Еквадор од Ковид-19 умреле 4.700 лица.
Сантијаго – Чилеанското Министерство за здравство соопшти дека уште 131 лица умреле од коронавирус, така што вкупниот број на загинати достигна 6.051.
Во земјата досега се заразени вкупно 288.089 лица, од кои 3.548 инфекции се пријавени во последните 24 часа, што е мало зголемување во однос на последните неколку дена, пренесе Си-Ен-Ен.
Мадрид – Бројот на лица кои страдаат од коронавирус во Шпанија продолжува да расте, две недели по укинувањето на вонредната состојба и 47 милиони жители слободно се движат низ целата земја.
Во последните 24 часа потврдени се 174 заразени лица, така што бројот на нови случаи надминува 2.000 за една недела. На проширувањето влијаат масовните собири и прославите на отворено во Шпанија, каде температурите се околу 38 степени, пренесува Хина. Носењето маски е сè уште задолжително низ цела Шпанија. Од почетокот на епидемијата на корона, 250.545 граѓани се заразени со вирусот, а повеќе од 28.000 луѓе умреа.
Москва – Во последните 24 часа во Русија се потврдени уште 6.632 случаи на коронавирус, така што вкупниот број заразени е 674.515, соопшти Кризниот штаб надлежен за борба против коронавирусот. Од коронавирусот се опоравиле 446.879 лица. Уште 168 лица умреле во последните 24 часа, а вкупниот број на итни случаи од почетокот на пандемијата достигна 10.027.
Сараево – Во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), од 609 примероци тестирани за коронавирус, 115 се позитивни. Дури 99 новозаразени лица се од Сараево, пренесува Аваз.
Мексико Сити– Во последните 24 часа во Мексико починаа 654 лица со коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 29.843, додека бројот на нови случаи вчера, втор ден по ред, беше околу 6.740. Американските медиуми наведуваат дека постојаното зголемување на бројот на заразени и мртви во Мексико доведе до одложување на планираното укинување на рестриктивните мерки
Виена – Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 115 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е втор ден по ред, а трета оваа недела, бројот на заразени да биде троцифрен. Во Австрија моментно има 853 активни болни од Ковид-19. Најголем број нови случаи има во Виена-53.
Токио – Трет ден по ред, бројот на нови случаи на коронавирус во Токио надминува стотина.