Нови „бомби“, нови закани од Јанушев

Две нови аудио„бомби“ се објавени денеска на Јутјуб каналот Обнова на режимот, каде вчера беа објавени два телефонски разговори носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборна единица три, Игор Јанушев и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. И во новите „бомби“ се слушаат разговор меѓу истите актери.

Во првиот разговор се слуша како Јанушев, се заканува дека ќе убие извесни Даниела и Ратко.

Разговарајќи за компјутерите, се споменува дека требало да бидат однесени во салата „Борис Трајковски“, со која во минатото раководеше директорот Ратко Капушевски.

„Абе таа Даниела и тој Ратко, жими се, слушај ми го зборот, нека помине денов утре ќе ги убијам. Вчера до 12 се расправавме со Ратко кај треба да бидат компјутерите. Он ми вика ние се договоривме, ние имаме систем сега да ни биде во ‘Борис Трајковски’. И Геле и луѓево што се, Љупка и дечково со нив од Битола, отидоа во ‘Борис Трајковски“, вели Јанушев.

На крајот од овој разговор, Јанакиески споменува гласање, а Јанушев вели:„Гласаа и јас гласав, ама истура не можеме да се вратиме за Скопје во пи*** мат**“. Знаеш како врне? Истура. Нема врска, јас сум за 10 минтуи на работа.

Во разговорот „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“ се разговара за партиски списоци во кои се впишани вработени во Телеком, сортирани според склучени договори кои треба да му се пратат на Жарко Луковски, поранешен извршен директор на компанијата и обвинет во случајот „Базни станици“ кој почина во ноември минатата година.

„Абе овој вика, Жарко Луковски, не си му ја пуштил листата на Телеком наредени по договор“, му вели Јанакиески на Јанушев., кој потоа прашува „Прочистен е?“, по што Јанушев одговара: „Чекај да отворам во секој случај. Ама мислам дека прочистен е. Финтата е да му пратам прочистено. Да бе шефе тие 2000 души ги дадоа дека се сите од Центар. Чекај уште еднш да отворам“, по што Јанакиески го коригира: „Не 2000, 700 …“. Понатаму, Јанушев вели: „Кај ја ставив Телеком… Телеком центар.. Таа е, 448 луѓе“.

 

Треба да знаете
Последни објави