Километарска колона автомобили има на граничниот премин Кулата – Прохамонас меѓу Бигарија и Грција, каде има навалица од српски државјани кои сакаат да заминат на одмор. Но, патешествието им се претвора во пекол, бидејќи за да влезат во Грција се тормозат и по 13 часа чекајќи да ја мината грчката граница.
Српските туристи кои се нашле во оваа колона од автомобили велат дека редицата е долга повќе од 13 километри.
-Грците процениле дека епидемиолошклата ситуација во Македонија, Турција и Албанија е лоша па го забранија влегувањето на туристи од овие земји, за што настрадавме и ние. Последните информации се дека Евзони ќе го отворат на 15 јули за сите. Ќе видием како ќе се одвива целата ситуација. Поради овие проблеми имаме голем број на откажани аранжмани – вели претставника на Јута.