Носителката на изборната единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска денес ги посети стопанствениците од Тетово при што презентираше дел од економските мерки кои се дел од програмата Обнова на ВМРО-ДПМНЕ.
Попладнево заедно со заменичката министерка за финансии г-ѓа Гордана Димитриеска Кочоска имавме средба со приватни стопанственици од Тетово и тетовско. Сите тие ни се пожалија на економските политики во изминатите три години водени од страна на Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз. Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе ја предводиме идната влада на Република Македонија во нашата програма Обнова се обврзуваме дека ќе ги намалиме правните бариери при регистрирање на приватни фирми дека ќе укинеме голем дел од пара и квази фискални давачки ќе ги зголемиме капацитетот на инспекцискиот надзор се со цел да се намали сивата економија и корупцијата едноставно дека институциите ќе работат во полза на приватните стопанственици, истакна Стојаноска.
Исто така ќе го споменам воведувањето на рамниот данок од 8 проценти како и данокот од нула проценти за млади на возраст од 29 години. Со ова ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја исправи економијата во Македонија, дека ќе ги исправи приватните стопанственици дека ќе ја исправи Македонија, порача Дафина Стојаноска од Тетово.