Манчевски: Безидејната ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува проекти што СДСМ веќе ги спроведе, затоа на 15 јули ги чека нов пораз

Безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ и отсуството на допир со реалноста се чита на секоја страна од нивната програма. За мене беше големо изненадување, но и разочарување кога согледавме дека нивната програма е всушност збир на веќе реализирани проекти само ставени во идно време. Просто е и неверојатно да се поверува.
И додека ние се надевавме на противник со кого ќе можеме да дебатираме за кој нуди подобри политики за подобар живот на граѓаните се соочивме со програма која како да е пишувана пред неколку години.
Направиве анализа на нивната програма во делот на дигитализацијата. Еве што велат.
1. НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИ ВО РОАМИНГ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 2020 И 2021 ГОДИНА И УКИНУВАЊЕ ВО 2022 ГОДИНА
–  Реалноста е дека веќе една година во земјите од Западен Балкан, нашите граѓани користат услуги во роаминг по цени до 99% поевтини. Од 1-ви јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат.  Во координација со Европската Комисија веќе се изработува план со рокови за „роаминг како дома” во земјите од ЕУ.
2. ЦЕНТРИ ЗА ЕДНА ТОЧКА ЗА УСЛУГИ
–  Реалноста е дека веќе се отворени 2 центри, во Скопје и Тетово, а во завршна фаза се во Охрид и Куманово.
3. ПОРТАЛИ ЗА Е-УСЛУГИ И АПЛИКАЦИИ ЗА МОБИЛНИ УСЛУГИ
–  Реалноста е дека националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk беше пуштен во употреба на 16.12.2019 година преку кој веќе се нудат 136 електронски услуги. Бројот секојдневно расте.
4. ИСПОРАКА НА УСЛУГИ И ИКТ ПОДДРШКА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА. Достапност 24/7 на услугите кои ги нуди јавната администрација.
–   Услугите се веќе достапни 24/7 од електронските уреди на граѓаните преку порталот uslugi.gov.mk
5. Е-ИНСПЕКТОРАТИ
–    Реалноста е дека во август 2017 година започна процесот на модернизација на инспекциските служби. Веќе е развиен софтвер за инспекциските служби со поддршка на USAID. Чек листите за инспекциски надзор се веќе воведени во 2019 година со новиот Закон за инспекциски надзор.
6. НОВ ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ СОГЛАСНО ЕВРОПСКАТА РЕГУЛАТИВА
–   Реалноста е дека во 2019та година оваа активност е пријавена во Националната програма за усогласување со европското законодавство и веќе се работи на транспозиција со европското законодавство.
7. ДИГИТАЛЕН ФОРУМ ЗА ИНФОРМАЦИСКО-КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ/ Буџет: 10 милиони денари годишно.
–  Реалноста е дека Дигиталниот форум е веќе е формиран и има активна улога. Во моментот ДФ е задолжен за определување на Листа на даватели на дигитални вештини кои ќе можат да ги користат младите помеѓу 18 и 29 години. Дигиталниот форум функционира веќе како советодавно тело и работи без надоместок.
8. ДОЛГОРОЧНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИКТ
–  Националната ИКТ стратегија веќе е во завршна фаза. Ја работиме со финансиска поддршка на ЕУ. Ангажирани се странски експерти и стратегијата треба да е готова до 30 септември.
9. ДИГИТАЛНА АГЕНЦИЈА
–   Реалноста е дека процесот за основање на Дигиталната агенција е веќе започнат. Законот е веќе изготвен и објавен на ЕНЕР за консултации.
10. ИТ СОВЕТ
–  ИКТ совет за прв пат e формиран во 2018 година.
11. УНИВЕРЗАЛНА ЕЛЕКТРОНСКА ИДЕНТИФИКАЦИСКА КАРТА И ВОВЕДУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРА НА ЈАВЕН КЛУЧ
– Реалноста е дека е веќе воведена со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги од 29.05.2020 година. Електронската идентификација веќе се употребува од 16.12.2019 година, како услов за функционирање на порталот uslugi.gov.mk.
12. СЕКТОРСКА ПЛАТФОРМА/ ПРОЕКТ и ONLINE ЈАВНИ ДЕБАТИ ЗА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ
– Се ова веќе постои на ЕНЕР. Сега на ЕНЕР ова е возможно, дотолку повеќе што оваа година воведовме отворен модул за „Форум” со сите засегнати страни.
13. МАПИРАЊЕ НА БЕЛИТЕ ЗОНИ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БРЗ ИНТЕРНЕТ
Белите зони се веќе мапирани и ова се јавно достапни податоци. Ја формиравме и Националната канцеларија за бродбенд компетентност. Државата го донесе Националниот оперативен бродбенд план со кој се планира изградба на национална оптичка транспортна мрежа до 2025 година која треба да обезбеди брз интернет пристап од 100 Мбпс во сите делови од земјата. За ова добивме грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и сме во завршна фаза на преговорите за кредит од Светска банка во вредност од 35 милиони евра.
За жал има уште многу вакви примери. Искрено сум разочаран. Навистина очекував после толку критики, многу повеќе. Очекував и можеби некоја добра идеја. Но нема. Се работи за неверојатна безидејност и непознавање, дури на граница на опасно.
Но, ние покажавме дека можеме. Еве и програмата на ВМРО-ДПМНЕ како да е список на работи кои веќе сме ги направиле во областа на дигитализацијата. Можеме уште повеќе и уште подобро и тоа ќе го покажеме после 15 јули.
Линк до видео( прес-конференција): https://youtu.be/FM3iJXSEjeo
Треба да знаете
Последни објави