Стојановска од Тетово: Намалување на правните бариери, институциите ќе работат во полза на приватните стопанственици

Носителката на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица од коалицијата „Обнова за Македонија”, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Дафина Стојаноска попладнево заедно со заменичката министерка за финансии Гордана Димитриевска – Кочовска одржа средба со приватни стопанственици од Тетово и тетовско.

-Сите тие се пожалија на економските политики изминативе три години водени од страна на Владата на СДСМ. Затоа ние како ВМРО ДПМНЕ кои што ќе ја предводиме идната Влада на Република Македонија во нашата програма „Обнова” се обврзуваме дека ќе ги намалиме правните бариери при регистрирање на приватни фирми, дека ќе укинеме голем дел од пара и квази фискалните давачки дека ќе ги зголемиме капацитетите на инспекцискиот надзор се со цел да се намали сивата економија и корупцијата. Едноставно дека институциите ќе работат во полза на приватните стопанственици. Исто така ќе го споменам воведувањето на рамниот данок од осум проценти како и данокот од нула проценти за млади до возраст од 29 години. Со ова ВМРО – ДПМНЕ се обврзува дека ќе исправи економијата во Македонија дека ќе ги исправи приватните стопанственици и секако дека ќе ја исправи Македонија, рече Стојаноска.

Таа заедно со кандидатите за пратеници од тетовско во текот на денот остварија средби со жителите на селата Вратница, Старо село и Рогачево. 

Треба да знаете
Последни објави