Шахпаска: Преку инвестиции во инфраструктурата,инвестираме во економијата, државата, во иднината на граѓаните

Во изминативе три години покажавме како се работи домаќински, одговорно и отчетно и како се гради плански на територијата на цела држава.
Инфраструктурата претставува крвотокот на економијата и оттука, секоја инвестиција во неа е инвестиција во економијата, во државата, за сегашните и идни генерации.
Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива низ секој дел од државата. Градиме за сите и во услови на пандемија, во вонредни околности, градиме инфраструктура во новата нормалност.
Градиме 260 км автопат, 300 км експресни патишта и 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци.
Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци – Штип, а во моментот се градат и експресните патишта, Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Ранковце – Крива Паланка.
Истовремено, се рехабилитираа и постоечките патишта: Штип-Радовиш, Крупиште-Пробиштип, Кочани, Македонска Каменица и Делчево- Граничен премин со Бугарија.
Нашата држава  ланската година и оваа 2020 година,  во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.
И во услови на корона криза интензивно се работи и на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезбедуваме 100 милиони евра за сите општини во земјата.
Токму, кризата со коронавирусот ни даде можност да видиме од колкаво значење е инфраструктурата и јавниот сервис и дека човечки судбини зависат од практичната примена на инфраструктурата.
Почитувани,
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Делчево беше заборавено, без ниту еден проект, а беше оставен  долг во општинската каса од над 240 милиони денари.
Денес, Делчево повеќе не е изолирана општина,се инвестира, се гради ,се подобруваат условите за живот на делчевци.
По изградбата на регионалните патишта Делчево – Кочани, Транзитниот булевар низ Делчево, правците Делчево-Ѕвегор, Делчево-Пехчево, Делчево-Виница, Делчево добива патната инфраструктура за пример.
Остануваме фокусирани на изградба на модерна, брза,  ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата држава.
Затоа што МОЖЕМЕ уште подобро и уште повеќе!
Треба да знаете
Последни објави