Силни општини, силна држава.
Ќе се фокусираме на јакнење на децентрализираниот систем, подобрување на условите за спроведување на веќе пренесените надлежности и осигурување на непречен трансфер на остатокот од зацртаните цели и ресурси во согласност со Законот за локалната самоуправа кои се однесуваат на локален економски развој, образование, култура, здравство, спорт и други области.
Во насока на децентрализација ќе извршиме и трансфер на спортски објекти од централно на локално ниво.
На локално ниво се обврзуваме и на приближување на примарното здравство до граѓаните во урбаните и руралните средини.
Се обврзуваме на заокружување на проблемот со наследените долгови кај општините и воведување на контролни мерки за оневозможување на понатамошни непродуктивни задолжувања на истите.
Во насока на поголема финансиска самостојност на општините и зголемување на нивните буџети ќе овозможиме законски измени со цел средствата собрани од персоналниот данок од земјоделска дејност и пренамена на земјиште да станат приходи на општините. Дополнително ќе се зголеми и процентот на персоналниот данок на доход и ддв кој ќе се префрла кон општините.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да се посвети на поголемо финансирање на регионалните и меѓуопштинските проекти, а заради економско изедначување на планските региони. Предвидуваме процентот на одделување на средства по региони да биде сразмерен со степенот на нивната развиеност.
Се обврзуваме на обнова.
СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат единствено повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!