Во 2016 година седевме заедно и се договоривме, седнавме, заклучивме дека иако сме различни и дека и овде во Дебар не има и македонци, албанци, турци и власи и роми и сите други останати, не има и христијани и муслимани, не има и професори, лекари, работници и не има многу различни ама се договоривме, заклучивме дека овие проблеми кои што ги имавме заедно ќе седнеме, заедно ќе ги решиме, затоа што сите заедно имаме една држава која сите заедно ја чуствуваме како своја и само сите заедно здружени, сплотени може да продолжиме да живееме напред и да имаме подобар живот.
Ова го истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во изборната единица 5 Јован Митрески, на граѓанската трибина во Дебар, додавајќи дека во 2016 година влеговме во собранието, изборот на влада се случи после 6-7 месеци, се случи после крвавиот четврток.
Шест-седум месеци не држеа во заложништво со единствена цел да не ја предадат власта, ама пак успеавме, успеавме затоа што ја имавме вашата поддршка, затоа што вие ја дадовте честа да ја преземеме одговорноста, да ја земеме работата во свои раце и конечно после 30 да ја одглавиме нашата земја и да тргне напред, станавме членка на НАТО, нашата мала држава, нашата мала Македонија седи на иста маса со многу големи земји, седи на иста маса и со Америка и со Франција, Германија, Британија, нагласи Митрески.
Тој истакна дека повеќе во нашата држава нема да зборуваме за конфликти, нема да зборуваме за судири, нема да зборуваме за сигурност затоа што нашата држава е сигурна, од денес натаму ние ќе зборуваме за економија, за подобрување на секојдневниот живот, за решавање на лични и општествени инетереси коишто ни се секојдневие.
Само заедно можеме уште повеќе, уште подобро, порача Митрески во Дебар.