„За само две и пол години направивме многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години. После 50, 60 години ги обновивме сите регионални патишта во овој регион. Патот Ранковце – Крива Паланка целосно завршен проект. Започна да се работи и на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, три од четири експресни патишта се градат во Истичниот регион. Работиме и на патот Крива Паланка-Деве Баир, еден од најуништените патишта. Срамно е таков пат да не поврзува со ЕУ, со Бугарија”, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме”, вечерва на трибината во Крива Паланка.
Тој додаде дека СДСМ покажа дека зборот е збор и дека се грижи за сите луѓе, го враќа животот насекаде и во регионот и во Крива Паланка.
„ Во следниот мандат ќе се заврши проектот за гасификација на Крива Паланка до секој дом. И зимски рекреативен центар на Калин Камен ќе има во следниот мандат со СДСМ и со коалицијата „Можеме”. Но, ќе има и рурален развој, и повисоки плати, за повисоки пензии, за сигурна иднина, за повеќе работни места за младите, за силен развој на новата македонска економија”, рече Николовски.
Генералниот секретар на СДСМ Николовски нагласи дека Северна Македонија ќе продолжи по патот по кој е трасирана нашата земја.
„Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Ќе дојдеме до тие две и пол милијарди евра за повеќе пари за секое семејство, за повеќе водоводи, за повеќе канализации”, реле Николовски и ги повика граѓаните на 15 јули да излезат масовно на гласање и да гласаат за СДСМ и Коалицијата „Можеме”.