Кандидатката за пратеник на ДУИ на Зона 1, а истовремено и претседателка на Форумот на жени на Сарај Шермине Махмути, денеска пред граѓаните од плоштадот Скендербег во Скопје ги презентираше проектите за младите и за младите семејства, како и нејзините определби како идна пратеничка во Собранието.
– Мојот мотив за првпат да се кандидирам за пратеничка е да придонесам за подобрување на животот на
младите семејства и создавање можности за младите. Кога Насер Зибери го претстави својот план за првите 100 дена како премиер Албанец, се чувствував многу среќна што неговиот фокус не е само на еднаквоста, еднаква правда и економска преродба, туку и на можностите за младите семејства, порача Махмути.
Таа вели дека ова треба да биде нивен приоритет како политичари – да се создаде средина каде младите луѓе, а особено младите семејства, ќе сакаат да останат во нашата земја, наместо да чувствуваат потреба да заминат во странство за да создадат подобар живот.
– Навистина, не можеме да направиме чуда и никој нема да може да го спречи овој штетен тренд кој ни се случува од ден на ден. Но, она што можеме и мора итно да преземеме, е да сториме сè што можеме за да ги поддржиме младите семејства во Северна Македонија, нагласи Махмути.
Според нејзе иницијативата да се обезбеди државен заем од 20.000 евра за секое ново семејство, за
купување или изградба на нивниот прв дом, е една од најефикасните мерки што државата може да ги преземе за да ги задржи младите семејства во земјава. Оваа мерка, вели таа, која ќе се спроведе веднаш, конечно им дава можност на сите да создадат дом, што е од суштинско значење за животот.
– Иницијативата на првиот премиер Албанец, за секое семејство да има барем еден вработен, да има барем стабилен приход, ја менува ситуацијата и создава финансиска сигурност за илјадници семејства во
Северна Македонија. Такви се и мерките за вработување на младите: нула данок на добивка за вработените под 35 годишна возраст и државни стимулации од 1500 евра за претпријатија кои ќе им овозможат на младите нивно прво вработување, истакна Махмути, додавајќи дека подобрување на квалитетот на животот за младите семејства го гледа како најважна задача како идна пратеничка на Собранието.
Додава дека работни места, повисоки плати и поддршка за изградба на дом се првите работи со кои треба да се занимаваат.
– Со задолжително предучилишно образование, од тригодишна возраст и изградба на градинки во секое населба, првиот премиер Албанец ќе ги постави темелите на современата семејна политика. Поставувањето флексибилен распоред за работа во текот на неделата и половина работен ден во петок
ќе обезбеди повеќе приватно време, повеќе време за семејство и подобро ментално здравје, нагласи Махмути.