Само држава со развиена инфраструктурна мрежа може да се надева на засилен економски раст.
Се обврзуваме на реконструкција на сите државни патишта, дополнително ќе ја завршиме изградбата на експресниот пат Штип – Кочани и Штип – Радовиш кои беа почнати во време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Во делот североистокот од Ранковце до Крива Паланка ќе изградиме исто така експресен пат што ќе значи заокружување на Коридорот 8 на делницата помеѓу Скопје и Софија.
Ќе ја разгледаме можноста и за отворање на граничниот премин „Црна скала” и поврзување на Македонија со Бугарија преку нов граничен премин кај Делчево.
Дополнително ќе го отвориме граничниот премин премин Клепало – Сандански со што Берово ќе добие директен линк со котлината на река Струма и автопатот Софија – Солун.
Градежната офанзива значи и реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта, проект на кој се обврзуваме.
Квалитетното железничко поврзување исто така ќе биде наш приоритет. Ќе ја завршиме пругата од Куманово до Деве Баир, но и ќе набавиме нови возови.
Македонија ќе биде земја со развиена патна и железничка инфраструктура на ниво како и останатите земји од Европа.
Исправи се Македонијо! Одбери Обнова!