Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4 и Ресен-4.
И натаму скопската општина Чаир е со најголем број активни случаи – 409, следат Гази Баба со 189, Карпош – 163, Бутел – 162, Аеродром – 150, Сарај – 149 и Центар – 143.
Институтот за јавно здравје вчера регистрира и 111 оздравени пациенти од: Скопје-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.
Починаа шест лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 63 години. Во ГОБ „8 септември” починати се двајца пациенти од Скопје (59) и (63-годишен) и еден пациент од Штип на 36 годишна возраст. Во болницата во Штип е починат пациент од Берово на 69 години и во Куманово пациент на 78 годишна возраст.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611. Во Скопје има најмногу активни случаи – 1987, Тетово – 385, Куманово – 240, Охрид – 166, Штип – 158, Струга – 154.
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и пет деца позитивни и сомнителни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.