Анкетата на Брима Галуп на 10-тина дена пред изборите покажува дека СДСМ е водечка партија согласно поддршката на граѓаните. На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за оваа партија.


Во однос на политичарите за најпопуларен во анкетата на Брима Галуп, со убедливо најголема доверба од граѓаните останува лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кого 9,4% од граѓаните се изјасниле како за политичар во кој имаат најголема доверба. На второ место, зад него, е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кого најголема доверба имаат 4.2% од граѓаните. На трето место, зад лидерите на двете најголеми партии, се наоѓа министерот за здравство Венко Филипче со поддршка од 3,8%,а веднаш зад него со 3,5% се наоѓа претседателот на државата Стево Пендаровски. Потоа следуваат лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села со поддршка од 2,9% додека речиси изедначен со него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети со поддршка од 2,8%. На листата понатаму се и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со поддршка од 2,4%, Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со поддршка од 1,3%.
Во однос на Договорот од Преспа граѓаните се изјасниле околу тоа колку се согласуваат со следното тврдење: Промената на името во Република Северна Македонија и имплементацијата на Преспанскиот договор ќе придонесе кон подобрување на генералната ситуација во земјава. 40,7% од граѓаните се изјасните дека целосно или делумно се согласуваат со ова тврдење, додека 36,8% целосно или делумно не се согласуваат со ова тврдење. 15,3% ниту се согласуваат ниту не се согласуваат 4,4%.
Во однос на излезноста на изборите 41% од граѓаните се изјасниле дека сигурно ќе гласаат додека 18,3% дека сигурно нема да гласаат. Останатите би гласале со различен степен на веројатност, но со поглема наклонетост кон гласање отколку кон неизлегување на изборите.