Во Дебар шест новозаразени со Ковид-19, активни на болеста 57 лица

Во последното деноноќие во Дебар нови дијагностицирани со КОВИД-19 се шест лица. Со ова во изминатите шест дена вкупно се дијагностицирани 19 лица.

-Предупредив дека бројот на новозарзени со КОВИД-19 ќе се зголемува, што е последица на олабавувањето на мерките и непочитувањето на мерките и протоколите, како од страна на граѓанте така и од деловните субјекти. Бројот на заразени е повисок споредено со првата фаза кога имавме 51 заразени, изјави градоначалникот Хекуран Дука.

Тој повторно апелира на строго почитување на мерките, носење заштитна маска, одржување на личната хигиена, физичка дистанца, избегнување групирања и собири, кои се предуслов, како што вели, да се заштитме себеси и другите од невидливиот непријател.

Од почетокот на пандемијата, односно појавата на првиот случај, на 26 февруари, до сега вкупниот број на заразени е 109 лица, од нив тројца од Центар Жупа. Битката со опасниот вирус ја добиле 48, починале четворица, а активни на болеста се 57 лица, од нив седуммина болнички се лекуваат во здравствени установи во Скопје.

Надлежните стравуваат дека КОВИД-19 ќе се шири поради собирите кои ги организраат партиите, но и пристигнувањето на печалбарите од еворпските земји,поради што се зголемуваат меѓусебните посети.

Според статистичките податоци на дебарското Одделението за внатрешни работи во измнатата недела на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, полициските службеници констатирале четириесеттина прекршоци за неносење лична заштита на лицето, за што издадени им се прекршочни платни налози.

Треба да знаете
Последни објави