Зекири до Чаирчани: ДУИ да ги остави граѓаните сами да одлучат за кого ќе гласаат, знам ќе ја одберат коалицијата „Можеме”

„Чаир се менува благодарение на Владата предводена од СДСМ и претседателот Заев. Ако споредиме како беше Чаир за време на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и времето на СДСМ разликата е голема. Главните патишта кои не се рехабилитираа со години, сега се изградени со стандарди. Чаирчани почувствуваа како е државата да се грижи за секој”, рече потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на вечерашната трибина на коалицијата „Можеме” во Чаир набројувајќи ги Бит Пазарската улица, улицата Ѓорѓи Поп Христов во Топанско поле, Пластичарска улица, средното училиште Цветан Димов на улица Џон Кенеди итн.
„Сé ова е заслуга на СДСМ и Градот Скопје. Ова докажува дека СДСМ на дело го покажува концептот „едно општество за сите”. Нема веќе општина која е запоставена во зависност од тоа кои етнички групи живеат таму”, истакна Зекири и ги наведе промените кои се случија во нашето општество последните две и пол години.
„Слушам, Талат Џафери нема собир со граѓани каде не ме спомнува мене, прашувал што сум правел јас? Ќе ви кажам. Јас со СДСМ и Заев, сме направиле многу. Сме членка на НАТО – тоа што за ДУИ остана само еден сон.
Ги ослободивме граѓаните од страв, кога вие заедно со ВМРО-ДПНМЕ ги плашевте. Граѓаните се плашеа од тенденциозни акции на полиција организирани во доминантно албанските средини кои на крајот ќе создадат раздор и непријателства.
Постигнавме способна држава и функционални институции, што подразбира и владеење на правото и воспоставување систем на вредности со почитување на човековите права на секој поединец”, потенцираше Зекири кој на крај им порача на граѓаните да не потпаднат под предизборни влијанија.
„Пред два дена во Гази Баба им порачав на административците да не се плашат од опструкциите што ДУИ им ги прави. Сега слушам и функционери на ДУИ им опструираат на граѓаните. Нема да спомнам имиња, но знаете кои сте. Вашите функционери, Ејуп Халими и Исмет Гури ќе одат во затвор затоа што правеа изборен криминал. Оставете ги граѓаните сами да одлучат”, им порача на крај Зекири на Чаирчани.

 

Треба да знаете
Последни објави