Интер загуби од Болоња (1:2) во италјанската фудбалска Серија А, по што тренерот на „нераѕурите“ Антонио Конте не го криеше своет разочарување и им проача на играчи дека во моментов не се голем тим. Интер водеше со 1:0, имаше играч повеќе и пенал за да ја зголеми предноста, но Лаутаро Мартинез не го реализира, па Болоња направи целосен пресврт. Одговорот што се случи на овој меч, Конте рече дека ќе го даде само со работа, а на играчите им порача:
– Навистина сум бесен поради начинот на кој загубивме. Тешко е да се опише вакво сценарио. Со оглед на тоа што јас сум тренерот, јас сум главниот одговорен за овој пораз и ќе се обидам со работа да дадам одговори. Од денес до крајот на сезоната, сите ние, вклучувајќи ме и мене, треба да докажеме дека заслужуваме да останеме во Интер. Ако сакаме да бидеме дел од победнички проект, треба да го докажеме тоа до крајот на сезоната и да си обезбедиме нова шанса за докажување. Треба да докажеме дека заслужуваме да останеме во Интер. Ние не сме голем тим во овој момент, мора да направиме неколку значајни чекори за да станеме таков – рече Конте.