Народот нема повеќе право на грешка. Ова се историски избори, народот ќе каже дали ќе се зацементира бришењето на се што е македонско од оваа марионетска власт, или ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат Македонија на изворните определби. Ова вечерва во Кавадарци го изјави Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија.
Тој информира дека граѓаните ја прифаќаат платформата со која настапуваат – „Битка за Македонија”. Во неа, како што рече, има 10 стратешки определби со кои си ја враќаме државата назад. Ќе ги поништиме антимакедонските договори, ќе направиме реален попис, рече меѓу другото Бачев.
Професорот Јове Кекеновски праша зошто ДИК и Комисијата за заразни болести не реагираат на прекршувањето на мерките и препораките за заштита од коронавирусот од страна на политичките партии.
– Во паниката која се повеке ги фаќа, поголемите политички партии воопшто не ги почитуваат мерките и препораките за заштита и почнаа да одржуваат народни митинзи, каде на мал простор собираат (односно ги тераат да се собираат) партиските приврзаници. Притоа воопшто не водат сметка за препорачаната дистанца помеѓу присутните. Ја прашувам Комисијата за заразни болести дали мерките и препораките важат само во маркетите, банките, кафеаните и други институции, а не и при организирање партиски митинзи?Кој ке ја сноси одговорноста доколку по изборите бројката на новозаразени порасне повеќекратно?, рече Кекеновски.
Во име на Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија”, како што рече, бараме ДИК и Комисијата да ги казнат сите партии кои одржаа вакви собири и каде ги прекршија мерките и препораките, при што свесно ги доведуваат граѓаните во опасност од можна зараза. -Функциите не се побитни од нашето здравје, нагласи Кекеновски.
Караванот на „Единствена Македонија” и коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија” беше во Росоман, Кавадарци и Неготино.