Во изборен процес на предизборна кампања, за Балканот а особено за ВМРО – ДПМНЕ, сосема е легитимно да си порачаат анкета која ни малку ни повеќе е изведена на примерок од над 6.000 испитаници и тоа засебно по шест изборни единици.
И на прв поглед анкетата секако е добитна за нарачателот, иако скромно стои дека ВМРО – ДПМНЕ се нарачатели на анкета во врска со изборите од McLaughlin & Associates, која е национална компанија за истражување и стратешки услуги за истражување, чиј персонал помага во “успешни” организации во САД, Канада, Европа, Азија и Латинска Америка.
Анкетата и можеби ќе имаше здраворазумна локика ако од официјалната интернет страница на McLaughlin & Associates не можеа да се видат три факти.
ВМРО – ДПМНЕ никогаш не им биле клиент, иако дедото по сопруга на Владимир Ѓорчев е силен лобист кај Републиканската партија која пак е чест корисник на услугите на оваа “реномирана” агенција за испитување на јавното мислење.
Репрезентативниот примерок од скоро 6.000 испитаници не е познат на аналитичката јавност, дотолку што не е ни наведено кога се спровел т.н. анкетен процес, на кои целни групи и во која земја.
Трето извршниот директор на оваа компанија, резултатите кои се “најрепрезентативни”, аматерски ги промовираше на својот личен Твитер профил, дотолку што тврди дека истата е нарачана од опозиционата партија, иако во неговата биографија стојат две нишки кои може да се поврзат со ВМРО – ДПМНЕ, Израелските служби и премиерот Бенџамин Нетанјаху и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кои имаат заеднички пријател, Никола Груевски.
И сосема за крај, McLaughlin & Associates пред се е адвокатска канцеларија а самата компанија е консултантска фирма за стратешки решенија.