Во изминатите 24 часа, пет пациенти починале од Ковид-19 во Србија, а 302 нови случаи биле регистрирани меѓу 5.030 тестирани лица, објавено е на веб-страницата covid19.rs.
На болничко лекување има 2.553 пациенти, од кои 81 се на респиратор. Од почетокот на епидемијата на коронавирус на 6 март, во Србија се регистрирани 16.131 случаи на Ковид-19, починале 311 пациенти, а вкупно се тестирани 439.445 лица. Стапката на смртност е 1,93 проценти.