Минатогодишниот фудбалски шампиона на Англија Манчестер сити кој неуспеа да ја одбрани титулата во изминатат рунда од премиерлигашката конкуренција пред сасмо три дена го растури новиот првак Ливерпул (4:0), а вечерва во 33. коло загуби од Саутемптон (1:0).
Единствениот гол на натпреварот го постигна Че Адамс во 16. минута со удар од околу 40 метри. Ова е втор пораз за „граѓаните“ на последните три натпревари и деветтиот во сезоната. Истото секако ги остава на второто место со 23 бода помалку од лидерот Ливерпул. Од друга страна, Саутемптон е на 13. позиција со освоени 43 бода.