„Денес можам гордо да ве гледам и да зборувам за сериозниот исчекор што го направивме , каде бевме и каде стигнавме денес. Од заробена држава со широко распространета корупција, држава во која не постоеше слобода на медиумите туку постоеше цензура. Држава во која граѓаните за да функционираат мораа да ја поседуваат партиската книшка на ДПМНЕ. Држава во која имаше нарачани судски пресуди и избрани судии од тефтерчето на Гордана. Држава во која постоеше дискриминација по секој основ.” -истакна носителката на ИЕ 3 , Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Пробиштип.
„Денес сме полноправна членка на НАТО сојузот, правна и праведна држава кое што ни го гарантира новиот Закон за јавно обвинителство, според кој секој кој се огрешил ќе одговара пред законот. Се врати слободата на говор и полека но сигурно ја враќаме довербата кај граѓаните кон институциите . Денес сме држава која веќе ја доби и преговарачката рамка и за време на германското претседателство ќе добиеме почеток на преговори за влез во ЕУ”. –посочи Јагода Шахпаска .
Таа се осврна и на мерките кои беа реализирани изминатите три години, а кои значат обезбедување на подобар животен стандард на сите граѓани. Таа ја посочи реформата во пензискиот систем , редовната исплата на пензиите и нивни раст.
„Домаќински и одговорно минатата година заштедивме 3.7 милијарди денари и беше исплатена пензија без потреба од позајмица од централниот буџет. За нецели три години пензиите пораснаа за 1700 денари. Ако 2016 година кога дојдовме на власт просечната пензија беше 13.800 денари, сега таа е 15.500 денари”. –истакна Шахпаска.
Како понуда за следниот мандат Шахпаска го посочи покачувањето на минималната пензија за 21% ,односно да нема пониска пензија од 10.700 денари.
Таа се осврна на воведувањето на државната социјална пензија од 6.000 денари, за лицата кои по никаков основ не исполнуваа право за редовна пензија. Тоа го искористија 6.600 пензионери.
Грижата за возрасните граѓани ја остваривме и преку укинувањето на квотите за лекови,па сега нема повеќе гужви пред аптеките, ниту недостиг на лекови.-рече Шахпаска.
Таа зборуваше и за вложувањето во здравствениот систем, покачувањето на платите на докторите кои пораснаа за 40% ,а другиот медицински персонал и здравствени работници до 23%. Вработени 780 доктори, 1.000 медицински лица и 5.000 согласности.
На прашањето на Мицкоски што денес им го постави на граѓаните во Прилеп „Дали подобро се живее”? -можам да кажам дека ДА ,подобро се живее со покачена минимална плата на 14.500 денари, со просечна од 27.300 денари, со повисоки пензии за 1.700 денари, со зголемена социјална помош од 300 %.-рече Шахпаска.
Таа на крајот ги повика граѓаните гордо и достоинствено почитувајќи ги протоколите за заштита на здравјето да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на 15 јули.
Затоа што МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро !