Македонскиот фудбалски интеранционалец Горан Пандев (36 г) се запиша во листата на стрелците кај Џенова на натпреварот со Удинезе одигран на „Фриули“ (2:2) и стигна до 8 погодоци сезонава. За искусниот интернационалец Пандев ова беше 93. гол во Серија А.
Со оглед дека најви дека ќе игра уште една сезона бидејќи посакува со македонската репрезентација да заигра на завршница од ЕП, а за тоа има шанса преку полуфиналето и финалето од Лигата на нации, Пандев ќе има прилика да влезе и во „клубот 100“ на најдобрите стрелци од Серија А.
Против Удинезе доби прилика да одигра нешто повеќе од половина час и со мприкажаното е меѓу најдобро оценетите играчи на натпреварот.
https://streamable.com/rlxwy9