Повеќе од 400 луѓе се евакуирани од крајбрежјно село на Филипините откако 250.000 литри гориво се излеаја од монтажен објект во морето, соопштија денеска локалните власти.
– Нафтената дамка беше толку голема што моравме да ги преместиме луѓето во две училишта, а добивме и други барање за евакуација, рече градоначалникот Љоило Џери Теренс.
Излевањето на горивото започнало во петокот, кога дошло до експлозија на платформата.
Никој не е повреден во инцидентот.