„Имаме преговарачка рамка од Европската Унија во која е наведено дека европското законодавство ќе го преведеме на македонски јазик, нашиот идентитет е признат, значи имаме признат јазик и признат идентитет. Македонскиот јазик станува јазик во ЕУ. Оваа афирмација на нашиот јазик е неизбежна. Покажавме дека знаеме да постигнеме договор и секој договор и во иднина ќе биде од полза за нашите граѓани и нашата држава. Комплетно нашиот идентитет и нашата историја ја задржуваме до крај. Имавме храброст и покажавме дека можеме. Имавме став, имавме храбрсот и служевме на државата и на граѓаните, ќе продлжиме да бидеме европејци. Се од другата страна е изолација и национал- патриотизам, а всушност зад тоа стои желба за власт, пари и моќ.“- Заев му ги предочи фактите на Мицкоски во врска со лагите на ВМРО ДПМНЕ дека повеќе не постои македонскиот јазик. Потоа Заев го потсети Мицкоски дека тој не се радува на успесите на државата, туку се радува кога некој ни ги кочи процесите. „Израдувајте се барем на едно нешто. За НАТО сите се радувавме, само вие не, а сте пишале во програмата НАТО. ЕУ усвои рамка за преговори и за прв пат напиша македонски јазик, а во ваше време пишуваше „официјален јазик“, сега пишува Македонци, а не граѓаните на таа држава. Израдувајте се еднаш. Вие се радувате кога некој не кочи, вие се правите за некој да не кочи. Ама тешко ќе ви оди тоа, ние сме сега опкружени со пријатели и сојузници. Ние не сме како вас, пред бугарските власти едно зборувате, пред македонските граѓани друго. Еднаш кажете кој ви е ставот за договорите со Бугарија и Грција, Силјановска Давкова лани велеше договорите се во ред, сега, после една година ќе ги поништела, аман еднаш кажете став за овие договори.“- по кој знае кој пат Заев го повика Мицкоски да се изјасни, но лидерот на ВМРО ДПМНЕ упорно останува без став за клучните стратешки договори.