Дел од актерите поврзани со случајот „Рекет” денес одговараат. Осудени се на казна затвор и специјален јавен обивинител, прв во тоа обвинителство, газда на телевизија кој учествувал внатре и бизнисмен. Но што е се организирано на тие редовни состаноци за финансирање на партии и кампањи, според мене, треба да се истражи до крај, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на МТВ.
Според Заев, граѓаните веќе слушнаа кој што оргинизирал, осмилувал и подготвувал, но треба да има и второ сценарио на откривање на тоа каде завршиле пари, со кои интереси, со каква цел било мотивирано да се случи таков поткуп.
-Денеска дел од актерите одговараат. Осудени се на казна затвор и специјален јавен обивинител прв во тоа обвинителство, газда на телевизија кој учествувал внатре, бизнисмен осудени се, но цело тоа што е организирано на тие редовни состаноци за финансирање на партии и кампањи, треба да се до истражи според мене. За тоа носат одлукаистражните органи, обвинителство и судство, но дефинитивно денеска видовме дека постојат сериозни индиции каде тоа завршило Луј Витон куферчето, кој тоа го осмсислил, кој имал редовни средби, на кој му простувале долгови, каде тоа парите влегувале, сето тоа многу кажува, рече Заев.
Како што додаде, тој го направил она што го прави секој европски политичар. Појасни дека без разлика до каде ќе стигне ваквиот процес, тој го пријавил случајот, и овозможил обвинителство, судство да водат еден отворен процес. Секој може да оди кај обвинители и да дава докази за се што има за било кој во државата, што според Заев било мисловна именка во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски во однос на истото прашање рече дека допрва ќе следат вистини каде ќе се откријат многу работи, но појасни дека и тој е за да се истражи случајот до крај.
-Неколку пати кажувате дека сте го пријалвие случајот, но не покажувате документ каде сте го пријавиле случајот. Никој досега не видол кому заев го пријавел ова освен што ги викнал во кабинет обвинителите. Јас сум за до крај да се истражува случајот. каде вистински завршуваат рекертираните пари. јас сум слободен човек, чист и не се вознимирувам. Освен криминал, корупција и рекет, друго ништо немате направено за државата, рече Мицкоски.